Фармакогностички интересни ендемични растенија во Република Македонија
Во флората во Република Македонија има околу 3 200 видови во 147 фамилии. Од нив според едни извори, 115 се позна- ти ендемични виши растенија од кои 114 припаѓаат во групата скриеносемени. Според други извори има 135 видови ендемични растенија од кои се смета дека околу 111 се локални ендемични вид...
Saved in:
Main Authors: | , , |
---|---|
Format: | Book |
Published: |
University Ss Cyril and Methodius in Skopje, Faculty of Pharmacy and Macedonian Pharmaceutical Association,
2009-12-01T00:00:00Z.
|
Subjects: | |
Online Access: | Connect to this object online. |
Tags: |
Add Tag
No Tags, Be the first to tag this record!
|
Summary: | Во флората во Република Македонија има околу 3 200 видови во 147 фамилии. Од нив според едни извори, 115 се позна- ти ендемични виши растенија од кои 114 припаѓаат во групата скриеносемени. Според други извори има 135 видови ендемични растенија од кои се смета дека околу 111 се локални ендемични видови, а 24 во пограничните планини. Точниот број сеуште не е утврден. Источниот дел на Македонија, источно од реката Вардар скоро и да нема ендемити, додека останатата територија западно од Вардар е многу богата со вакви видови. Од планините најбогата е Галичица, од клисурите - клисурата на реката Треска, а од низините посебно се истакнува околината на Прилеп. И покрај богатството на ендемични и реликтни видови сеуште не се објавени било какви фармакогностички податоци за овие растенија. Од наведените ендемични видови, околу 30 би можеле да бидат фармакогностички интересни за испитување на хемискиот состав, изолација на потенцијално активни супстанции и испитување на биолошко-фармаколошката активност. Новите инструментални техники што денес се користат во испитување на хемијата на медицинските растенија и природните производи овозможуваат да се користи многу мало количество материјал, што не претставува ризик од загрозување на ендемичните видови. Дополнителен предизвик претставува изготвување на соодветна програма за заштита на сите ендемични растенија, со посебен ак- цент на фармакогностички интересните видови. |
---|---|
Item Description: | 1409-8695 1857-8969 |